Марк Волберг со нова трансформација: Јадев премногу за да се добие подуен ефект, воопшто не е забавно

4 mins read

Холивудскиот актер Марк Волберг е познат по своите физички трансформации за потребите на најразлични улоги. Но, строгиот начин на исхрана кој го одржува во завидна состојба, поради неговиот нов актерски потфат, морал да го замени со високо калорична храна.

Напнатиот холивудски актер се здебели за улогата на боксер-свештеник

„Говедски стекови, печени компири, десетина јајца секое утро, десетина парчиња сланина, две чинии бел ориз, чаша маслиново масло“, изјави тој за „АФП“. „Многу протеинска храна првите две недели, вторите две недели многу скроб. А потоа последните две недели многу сол за да се добие подуен ефект, што воопшто не е забавно“, раскажа Марк.

Физичката трансформација од атлетски граден маж во човек со прекумерна тежина била потребна за неговата улога како Стјуарт Лонг, боксер аматер кој по повреда ги закачил ракавиците и се преселил во Холивуд за да стане актер. Работејќи во супермаркет, Лонг ја запознава Кармен, која ја игра Тереса ​​Руиз, и се обидува да го освои нејзиното срце со одење во нејзината црква.

Тој одлучува да стане свештеник, и покрај скептицизмот на неговите родители, кои ги играат Џеки Вивер и Мел Гибсон. Тој мора да се соочи и со својот најголем предизвик, дијагноза на дегенеративна болест која ќе му го одземе сопственото тело.

За Волберг, кој исто така се појавува и како продуцент на филмот, оваа приказна е отстапување од претходните акциони филмови во кои сме навикнати да го гледаме.

„Тоа е необична улога, но исто така е прилично очигледен избор ако ме познавате мене и моето лично патување и она што сакам да правам додека стареам и се обидувам да пронајдам работи што имаат малку повеќе значење и цел“, вели тој. „Но, отсекогаш се чувствував како да ми е дадена задача да го направам тоа со причина… Ова е за поголемо Божјо добро, па се согласив да ги искористам моите таленти за таа цел“, раскажа актерот.

Покрај религиозната тема, филмот „Father Stu“, кој ќе почне да се прикажува во САД  од 13 април, се занимава и со семејството и човечката добрина.

За мексиканската актерка Тереса Руиз оваа улога била од големо значење.

„Ми се допадна што беше многу љубезна и дарежлива и што имаше многу длабока вера“, рече Руиз. „Тоа беше нешто што го гледав во мојата заедница, тоа е нешто што го гледав кај мајка ми, па навистина уживав што ќе можам да го покажам на публиката ширум светот“.

Младата актерка откри какво е чувството да се работи со големи актерки имиња како Мел Гибсон.

„Мојата приколица беше веднаш до камперот Мел (Гибсон). Така понекогаш ѕиркав и го слушав како се подготвува и тоа ми беше многу важно како млада актерка, знаете, да слушнам како работи еден од великаните. За Вивер, Волберг беше едно од најголемите откритија на проектот… Мислев дека може да биде малку груб бидејќи секогаш ги играше тие тешки улоги, но, тој е прекрасна личност“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Братот на починатиот хрватски ракометар Тот: Без тебе ништо нема да биде исто!

Следно

До Антикорупциска нема пристигнато никаква пријава за Мухамед Зекири

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian