ФОТО+ВИДЕО | Музика, екстравагантна торта и гости од естрадата: Мартија Станојковиќ го прослави полнолетството

1 min read

Македонската пејачка Мартија Станојковиќ стана позната по учеството во музичко талент шоу „Ѕвездичките на Пинк“. Тогаш малата и слатка Мартија која имаше 12-13 години, го освои второто место. Во 2016-та година ја претставуваше Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија, а вчера наполни 18 години и официјално им се придружи на возрасните.

По повод јубилејниот 18-ти роденден ги покани своите најблиски пријатели, роднини и колеги од естрадата – Антониа Гиговска, Иван Јованов од „Либеро бенд“ и Мина Блажев, кои се фатиле на микрофонот, на забава за паметење во ресторан во Куманово.

За пречек на полнолетството Мартија облече тесен фустан во мастилна боја кој го надополни со сребрени аксесоари.

Мартија Станојковиќ, Фото: Инстаграм

Славеничката доби многу честитки и ги дувна свеќичките од торта на три ката.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шампионот МЗТ тргнува од втората позиција во Суперлигата

Следно

„Вистиномер“ тврди: Ракометарот Тот бил нападнат, постојат видео снимки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian