Пејачката Јелена Карлеуша го пријави сопругот Душко Тошиќ за семејно насилство на Божиќ, откако тој наводни ѝ удрил шлаканица. По пријава во полицијата и развој на настаните на фудбалерот му беше изречена забрана за приближување.
Денес, на судењето, Јелена во Првото основно јавно обвинителство влегла нерасположена, каде ја дочекале голем број новинари, но по петнаесетина минути излегла порасположена, пишува „Курир“. Не дала изјави за медиумите и првото нешто што го направила кога излегла било да го земе телефонот и да се јави некаде.
Карлеуша за судењето избра тиркизна тоалета, а во рацете носеше кафена Биркин чанта, чија цена се движи и до неколку десетици илјади евра.
Да потсетиме, нејзиниот сопруг Душко Тошиќ по пријавата дал изјава како граѓанин во полициската станица Савски Венац. Јелена потоа се предомислила и решила да не го гони кривично сопругот.
ФОТО | „Од цвеќиња до шлаканица“: Љубовната приказна на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ