Еве како би изгледал Манчестер јунајтед со новиот менаџер Тен Хаг

2 mins read

Ерик тен Хаг би требало да седне на клупата на Манчестер јунајтед на крајот од сезоната. Тоа не е официјално потврдено, но сите англиски и некои странски медиуми тврдат дека тренерот на Ајакс дефинитивно ќе биде новиот менаџер на славниот англиски клуб. Тен Хаг и претходно беше поврзуван со Јунајтед, но ова лето дефинитивно треба да се случи.

Според британскиот „Телеграф“, Тен Хаг целосно ќе го преуреди тимот на Јунајтед и за тоа ќе добие огромен буџет. Клубот речиси две години бара вистински напаѓач, а овој проблем само привремено го реши Кристијано Роналдо на кој не може да го смета како долгорочно решение на „Олд Трафорд“.

– Тен Хаг има две големи желби. Првата е Хари Кејн, кого Јунајтед го посакува долго време, па за очекување е овој трансфер да се реализира на лето. Покрај него, идниот тренер на Јунајтед сака да го доведе и Деклан Рајс од Вест Хем, ако не успее, има некои резервни решенија – пишува Телеграф.

Кејн на лето влегува во последната година од договорот, ќе наполни 29 години и тоа е последен момент за Тотенхем сериозно да заработи од својот најдобар играч. Не е тајна дека англискиот репрезентативец сака да го промени клубот, а минатото лето пропадна неговиот трансфер во Манчестер сити. Но, изворот тврди дека шефот на Тотенхем, Даниел Леви ќе биде многу поблаг во овој случај и ќе го продаде Кејн.

Еве како би изгледал Манчестер јунајтед со новиот менаџер Тен Хаг од следната сезона 2022/2023:

– Де Геа, Мазрауи, Мегваер, Варан, Шо, Филипс, Рајс, Ентони, Фернандеш, Рашфорд, Кејн.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Блумберг : Брисел ја „притиска“ Бугарија да го одблокира проширувањето на ЕУ поради украинската војна

Следно

ВИДЕО | Протече стара снимка од Вил Смит: Џејда го малтретира, тој изгледа вознемирено

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian