Е. Пелистер со максимален учинок оди на репрезентативна пауза

1 min read

Ракометарите на Е. Пелистер со максимален учинок заминуваат на репрезентативната пауза, откако славеа и на четвртиот натпревар од плеј-офот.

Во братскиот дуел против Е. Пелистер 2, составот на Жељко Бабиќ рутински излезе како победник со 39:18 (19:10) и остана единствена екипа со максимален ефект.

За победничката екипа со седум голови најефикасен беше Радовиќ, а на спротивната страна четири погодоци беа дело на Талевски.

Играчите на Бабиќ остануваат на првата позиција на табелата, пред Вардар 1961, пред Бутел Скопје, Е. Пелистер 2 на четвртото место, на петтата, односно шестата позиција се Тиквеш и Охрид.

Потсетување дека в сабота е собирот на најдобрите наши ракометари за претстојниот мундијалски бараж против Чешка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ракометарот кој трагично почина бил пронајден во тревата пред дискотеката

Следно

ВИДЕО | Мајка практикува продолжено доење: Мислењата се поделени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian