Бугарската потпретседателка Јотова доаѓа во земјава на покана на здруженијата на Бугарите

1 min read

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова ќе престојува во посета на Северна Македонија на 16 и 17 април.

На покана на Културниот центар „Иван Михајлов” таа ќе го отвори новиот клуб на ова здружение, јавија бугарските медиуми.

На 17 април, Јотова ќе биде во посета на Охрид, каде што ќе го посети Дневниот центар за деца со аутизам. Проектот е финансиран од бугарската Влада како дел од програмата на бугарското Министерство за надворешни работи „Бугарска помош за развој”.

Јотова ќе биде гостинка и на отворањето на канцеларија на Здружението за толеранција и соработка „Хоризонти”.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Жељко Бебек прослави 20 години брак: Љубов, нека ни е среќна годишнината

Следно

Белгија ги повлече Киндер чоколадите поради можно труење

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian