Братот на починатиот хрватски ракометар Тот: Без тебе ништо нема да биде исто!

1 min read

Играчот на Бутел Скопје Денис Тот почина на 27-годишна возраст, од вчера се бореше за живот во КАРИЛ каде што беше донесен без срцева акција.

Македонските ракометни клубови преку социјалните мрежи се простуваат од хрватскиот ракометар.

На социјалната мрежа Фејсбук се огласи и братот на Денис Тот, Борис, кој напиша: „Прерано нè напушти, драг мој. Почивај во мир, без тебе ништо нема да биде исто“.

Тот потекнува од спортско семејство, татко му Игор е тренер на хрватскиот фудбалски третолигаш Кроација Ѓаково.

Ракометарот на РК Бутел не бил претепан во скопска дискотека, како што првично било објавено.

Директорката на КАРИЛ, доктор Маја Мојсова за „Слободен печат“ изјави дека на телото на Тото не се пронајдени траги на насилство.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Братот на Тот: Веќе ништо нема да биде исто

Следно

Марк Волберг со нова трансформација: Јадев премногу за да се добие подуен ефект, воопшто не е забавно

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian