Албанец осуден на доживотен затвор за убиство на младa наставничка: Со метален сообраќаен знак ја удрил по глава 34 пати

1 min read

Албанецот кој ја нападна наставничката Сабина Неса додека се шетала во парк во Лондон е осуден на доживотен затвор за убиство.

36-годишниот Коци Селамај ќе одлежи најмалку 36 години затвор за, како што рече судијата, „дивјачки“ сексуално мотивиран напад.

На судењето беше кажано дека Селамај 34 пати ја удрил Сабина во главата со метален триаголник, кој се користи во сообраќајот. Нападот се случи на 17 септември минатата година.

Сабина таа вечер се поминувала низ паркот бидејќи доцнела на состанок со пријател, веруваат обвинителите, пренесува Скај Њуз. Селамај бил осуден на доживотен затвор со минимум 36 години откако одбил да се појави на суд.

Албанец од Истбурн бил уапсен во крајбрежен град во Источен Сасекс, а подоцна се изјаснил за виновен за нејзиното убиство. На судењето беше кажано дека Селамај и претходно бил насилен кон својата поранешна партнерка.

Селамај дошол во Велика Британија пред околу седум години, откако го напуштил училиштето на 12-годишна возраст без никакви квалификации, рече неговиот адвокат.

kurir.mk

Претходно

До Антикорупциска нема пристигнато никаква пријава за Мухамед Зекири

Следно

Не се плашете ако утре ве разбуди сирена: МВР на вежба за справување во вонредна ситуација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian