ВИДЕО | Закерберг го откри бизарниот прекар со кој го нарекуваат работниците: Mисли дека тоа е од љубов

1 min read

Марк Закерберг го откри прекарот кој му го дале неговите вработени во Мета

„Некои од луѓето со кои работам во компанијата од љубов ме нарекуваат „Окото на Саурон“, изјави во реткото интервју кое го даде за Тим Ферис и неговата емисија „The Tim Ferriss Show“, но многумина не се уверени дека Закерберг го сфаќа вистинското значење на прекарот, за кое не може да се каже дека настанало од милост.

За оние кои не се добро упатени во светот на „Господарот на прстените“, „Окото на Саурон“ претставува закана под влијание на „Господарот на темнината“. Се зборува дека малкумина се оние кои можат да го поднесат неговиот мрачен поглед. Општо земено, лоши работи им се случуваат на оние кои ќе бидат забележани од „Окото на Саурон“.

Неговиот опис на прекарот поради тоа се чини за малку погрешен бидејќи не сме сигурни околу тоа дали „Окото на Саурон“ може да се смета за комплимент.

Корисниците на „Редит“ се пошегуваа со целата ситуација…

 

„Вау, па тие навистина го сакаат“, напиша еден.

 

„Сигурно е од милост“, забележа друг.

 

„Забавен факт: Саурон е синоним за одвратност. Дефинитивно тоа е прекарот кој треба да му го дадеш на својот сакан шеф“, се пошегува уште еден корисник.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Започната санација на пешачката патека на Кеј 13-ти Ноември

Следно

Бензема му даде три гола на Челси, а малку фалеше да не биде пуштен на стадион

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian