ВИДЕО: Навивачка војна во Марсеј, тепачки меѓу фановите на Олимпик и ПАОК

1 min read

Вечерашната четвртфинална пресметка од Лигата на конференции помеѓу Олимпик и ПАОК имаше своја увертира и тоа на улиците во Марсеј каде „главната улога“ ја имаа навивачите на двете екипи.

Заедно со фудбалерите на ПАОК, во Марсеј пристигна поголема група навивачи на грчкиот тим и кои на неколку локации во градот се испотепаа со домашните навивачи.

Со цел да ги смири нередите низ градот, полицијата во Марсеј користеше солзавец, а засега нема информации за повредени или уапсени навивачи на двата тима.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Здравко Чолиќ уловен по гаќи на Ада Циганлија

Следно

СЗО се подготвува за можни „хемиски напади“ во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian