ВИДЕО | Дувњак: Настрада имиџот на Тупанчевски, очекувам некој функционер кога ќе згреши да се извини

3 mins read

Оваа недела во завршна фаза се неколку судски пресуди. Миле Јанакиевски доби нова затворска казна за случајот „Топлик“, а денеска се очекува пресуда за случајот „Меѓународен сојуз“.

-Многу пресуди сметам дека и предолго траат со оглед дека се првостепени и дел од нив до сега требаше да имаат и завршница. Неделава во завршна фаза се и „Плацевите на Водно“, така што во пролет се се буди па најверојатно и судството, коментира Гордана Дувњак за актуелните судски случаи кои бавно се окончуваат.

Таа се осврна и на случајот со министерот за правда Никола Тупанчевски кој патуваше и присуствуваше на фудбалскиот натпревар во Палермо, на сметка на ФФМ, а потоа неколку пати ја смени изјавата за случајот за кој беше повикан во јавноста.

-Целиот случај со Тупанчевски е важен, јас сум разочарана што се утврди дека има повреди на етичкиот кодекс, јас очекував тој да излезе и веднаш да ја каже вистината, но тежината е уште поголема што тоа доаѓа од професор по кривично право и со своите различни изјави дозволи да се коментираат и да се формираат различни ставови. Ние и во минатото имавме случаи кога обинители ги немаше со денови зошто поддржуваа спортски натпревари. Мислам дека треба да се стави крај на ваквите случаи, а јавноста е многу иритирана. Јас не велам дека ова е некој голем пропуст, но е пропуст. Мора да ги менуваме навиките и затоа велам дека јас очекувам барем некој функционер доколку згреши да се извини. Повеќе сум јас опомената за Тупанчевски да е опомена и за останатите функционери да размислат што може тоа да ги чини, бидејќи во текот на своето функционирање може да добијат и поголеми коруптивни понуди, нагласи Дувњак во гостувањето во Утрински брифинг.

Случајот секако спаѓа во доменот на корупција, против која Владата со години се залага дека се бори да ја искорени.

-Да не заборавиме дека и Владата и опозицијата постојано одат со слоганот нулта корупција и ако е така мора да бидат внимателни ова повеќе да не се случува, бидејќи тука не смееме да ја заборавиме крупната корупција, тендерите во четири очи со само еден понудувач. Ако ова е време на економска криза кога се стега ременот треба сите да покажуваме одговорност, а не само граѓаните. Ние не можеме да се шокирама од барањата на јавноста за отчетност туку функционерите мора да бидат отчетни, вели за Утрински брифинг новинарката и уредник на Фокус Гордана Дувњак.

-Во целиот случај настрада имицот на Тупанчевски и очекувам ако не можам јас, барем моите деца да бидат сведоци кога некој функционер ќе згреши и да се извини. Не велам дека треба да го „бесиме“ Тупанчевски и судијата Нанев, но треба да бидат многу внимателни, рече Дувњак која се осврна и на моделот на избор на судии и обвинители во земјава и недостатокот на политичка култура.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Додадени на официјалниот список: Девет нови симптоми на коронавирусот

Следно

СУТ со потполна поддршка на генералниот штрајк на СОНК

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian