ВИДЕО: Барселона го преживеа гостувањето во Франкфурт

1 min read

Фудбалерите на Барселона одиграа 1:1 во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на Европа и во реваншот наредниот четврток пред своите гледачи ќе ја имаат улогата на фаворит.

Иако и вечерва фаворитската улога ја имаше Барселона, фудбалерите на Ајнтрахт одиграа одличен натпревар, создадоа повеќе шанси, имаа повеќе шутеви во рамки на голот, но не успеаја да постигнат уште еден гол.

Резултатот го отвоти Кнауф со голот во 48 минута, а Барселона успеа да израмни во 66 минута со голот на Феран Торес откако Чави само четири минути претходно во игра ги внесе Осман Дембеле и Френки де Јонг. Токму Де Јонг му асистираше на Торес при постигнувањето на израмнувачкиот гол.

До крајот на средбата, Ајнтрахт остана со играч помалку по исклучувањето на Тута, но Барселона не успеа да ја искористи предноста на теренот.

Брага со голот на Руиз во 40 минута со минимални 1:0 го совлада Ренџерс, додека Вест Хем и Олимпик Лион одиграа 1:1. Англискиот тим поведе со голот на Боувен во 52 минута, додека Ндомеле погоди за Лион.

Резултати:
Лајпциг – Аталанта 1:1
Брага – Ренџерс 1:0
Ајнтрахт – Барселона 1:1
Вест Хем – Олимпик Лион 1:1

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Уредник на руски медиум нападнат во воз: Тоа што го гледате не е крв!

Следно

ФОТО+ВИДЕО | 20 години подоцна: Вратени украдените ракописи на Чарлс Дарвин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian