Уредник на руски медиум нападнат во воз: Тоа што го гледате не е крв!

1 min read

Руски нобеловец, кој се противи на руските напади во Украина, бил нападнат и полеан со црвена боја во воз.

Непознат напаѓач во воз го полеал со црвена боја Дмитриј Муратов, добитник на Нобеловата награда за мир и главен уредник на Новаја газета, како и еден од ретките преостанати независни новинари во Русија.

Муратов се противи на руската инвазија на Украина.

Новаја газета објави информација за нападот и фотографии од својот главен уредник и од купето во возот полеано со црвена боја.

„Мене и целото купе ме преплавија со маслена боја со ацетон. Очите страшно ме печат. Напаѓачот рече: ‘Муратов, ова ти е за нашите момчиња’“, изјави рускиот нобеловец.

kurir.mk

Претходно

ФОТО: Каревска, Топалова и Бансколиев се добитници на новинарските награди на МИМ

Следно

ВИДЕО: Барселона го преживеа гостувањето во Франкфурт

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian