УЕФА донесе нови правила за финансискиот фер-плеј

2 mins read

Извршниот одбор на Европската фудбалска федерација (УЕФА) донесе нови правила за финансискиот фер-плеј што на сила ќе стапат на сила во јуни годинава, но ќе се имплементираат во наредните три години за да им даде време на клубовите да се прилаготат на правилата.

Најважното правило е тоа дека клубовите ќе можат да трошат за плати, трансфери и провизии на агентите, најмногу до 70 отсто од годишните приходи на екипите.

– Финансискиот правилник на УЕФА кој е на сила од 2010 година ја исполни својата примарна цеа и го револуционизираа начинот на кој функционираат клубовите. Но, еволуцијата на фудбалот како и на економските последици од пандемијата на коронавирусот покажа дека се потребни реформи и нови правила. УЕФА работеше со сите засегнати страни при носењето на новите мерки кои би им помогнале на екипите да се соочат со новите предизвици. Овие мерки ќе ни помогнат да го заштитиме фудбалот и да се подготвиме за потенцијалните идни шокови – изјави првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин.

УЕФА смета дека со новите правила екипите би добиле на стабилност и контрола на трошоците. Со новото правило за подмирување на достасаните обврски (кон фудбалските клубови, вработените, социјалните/даночните власти и УЕФА) ќе обезбеди подобра заштита за доверителите, а контролите ќе се вршат секој квартал и ќе има помала толеранција за клубовите кои ќе доцнат со подмирување на обврските.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Опожарено возило во Ѓорче Петров

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Инспиративно: Жена без раце се грижи за својата малечка ќерка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian