Тупанчески: ФФМ ме покани во Палермо, не се согласувам со писмената опомена од Грковска

1 min read

Министерот за правда Никола Тупанчески, вечерва на ТВ21, во врска со спорното патување во Палермо, каде го следеше фудбалскиот натпревар меѓу Италија и Македонија, рече дека добил покана од Фудбалската федерација.

„На покана на ФФМ јас присуствував на натпреварот, но тоа што се нарекува аранжман подготвен и фактура испратена од Агенцијата која го организираше патувањето, е платено во временскиот рок кој е предвиден во фактурата“, рече Тупанчески, кому Владата вчера му испрати писмена опомена за прекршување на Етичкиот кодекс за државните функционери,

Министерот вели дека „не се согласува“ со опoмената, која дојде од вицепремиерката задолжена за добро владеење на функционерите и институциите, Славица Грковска.

„Не, не се согласувам, уште еднаш сум конзистентен на својот став дека нема повреда на норма“, вели Тупанчески за случајот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | 20 години подоцна: Вратени украдените ракописи на Чарлс Дарвин

Следно

Легендарниот тренер Саки со критики за Симеоне: Што правиш Диего, каков фудбал игра Атлетико?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian