„Слободен печат“: Сите на протест, Владата на тест

4 mins read

Во печатеното издание на „Слободен печат“ можете да прочитате:

 

Хроника

Премиерите на Бугарија и на Македонија се соочуваат со тешкотии: Петков притиснат од партнерите, Ковачевски од противниците

– Трифонов бара Петков да не го трга ветото од преговарачката рамка за Македонија на самитот на ЕУ во јуни, а опозицискиот лидер Христијан Мицкоски порачува дека ќе поништат какво било решение што отстапува од националните и државните интереси.

– Премиерот Ковачевски вчера повтори дека отсекогаш се залагал за брзо решение со Бугарија, но не и избрзано. Повтори и дека разговорите се во тек, но сè уште нема заемно прифатливо решение.

 

„Скопје 2014“Изречени притвори за изиграна тендерска постапка: Се отпакува криминалот „вграден“ во владината барокна фасада

– Првоосомничениот од декември 2014 до август 2015 година прибавил значителна имотна корист за политичката партија во износ од 8.823.916 денари. Во три наврати во име и за сметка на друштвото со кое управува, тој купил недвижни имоти во Гази Баба, Центар Жупа и во Крушево, а потоа ги продал по пониски цени на политичката партија.

  

Економија

Владата во офанзива за поголемо производство и нови пазари за увоз: Пченицата од Србија ќе стигне пред да се испразнат нашите силоси

– Нашите компании договориле увоз на 100.000 тони пченица, која се очекува да почне да се испорачува. Испорака се чека и за нерафинирано масло за јадење, додека граѓаните мака мачат да најдат литар масло

  

Свет

Нашата новинарка Кристина Атовска известува директно од Украина  за ужасот во западните предградија на Киев: Ирпин и Буча се градови на духови

– Во Ирпин речиси е невозможно да најдете барем една куќа или зграда што не е изрешетана од автоматско оружје или не е ракетирана. Помеѓу зградите може да се видат уништени украински тенкови, а изрешетени цивилни возила сведочат за обидите за бегство од ужасот

 

Скопје

Ниска свест или негрижа за природата: „Лајка“ со кампања ги потсетува граѓаните да го собираат изметот од милениците

–  И покрај многубројните апели на надлежните, но и законски пропишаните казни за загадување на природата, сепак сѐ уште има сопственици на кучиња, кои не се откажуваат од лошите навики и не се грижат отпадот од своите миленици да го соберат и соодветно да го фрлат во канта. За оваа намена постојат специјални кесички, но и обичните може да бидат соодветна алтернатива.

 

Спорт

Во пресрет на финалниот кошаркаски турнир во АБА2 лигата: Петровиќ очекува МЗТ Скопје да ја освои титулата

Тренерот на аеродромци Александар Петровиќ смета дека екипата овој пат не смее да ја пропушти шансата. МЗТ Скопје го освои првото место во регуларниот дел на АБА2 лигата, ќе игра пред домашна публика и има фаворитска улога да дојде до титулата.

 

Мозаик

Која е мистериозната снајперистка од Украина? Украинците ја нарекуваат народен херој

–  Жената што го крие своето лице со шал е позната под прекарот Угљенка, а стана симбол на украинскиот отпор против руските агресори. Неверојатната храброст и сила на Украинките за време на руската инвазија го воодушевува светот, а оваа приказна секојдневно добива нови продолженија, пренесуваат странските медиуми.

 

Здравје

М-р др Елена Манолева Николовска, специјалист педијатар: Мононуклеозата, „болеста на бакнежот“, ги погодува тинејџерите, но и малите деца

Инфективната мононуклеоза – популарно позната како „болест на бакнеж“ – се пренесува со директен контакт со плунката на заразеното лице. Вирусот што предизвикува мононуклеоза може да го добиете со бакнување, но може да се заразите и ако бидете изложени на кашлање или кивање или со споделување чаша или прибор со некој што има мононуклеоза.

 

Утре и специјален филмски прилог со ТВ-програма

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Инспиративно: Жена без раце се грижи за својата малечка ќерка

Следно

Генералното собрание на ОН ја суспендира Русија од Советот за човекови права

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian