Рама бара да продолжат преговорите со РС Македонија за влез во ЕУ

1 min read

Албанија ќе побара од Европската унија дали може да ја продолжи кандидатурата за членство одвоено од нејзиниот сосед Северна Македонија, која продолжува да се соочува со бугарско вето, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама.

Говорејќи во Тирана, Рама рече дека не е оптимист оти Бугарија наскоро ќе го укине своето вето за Скопје.

– Албанија не може повеќе да чека додека двајцата соседи не ја решат својата кавга, рече Рама, додавајќи дека Албанија има добри односи со двете држави.

Нашиот политички курс по ова прашање, рече тој, целосно ќе се промени.

Рама ги даде овие коментари при претставувањето на националното истражување со повеќе од половина милион испитаници, кое покажа дека 67 отсто сакаат патот на членството на двете земји да се разликува.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Констракта со ексклузивен настап на „Д Фестивал“ во Дојран!

Следно

Кулеба од НАТО земјите побара повеќе оружје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian