ПСЖ наследникот на Нејмар го најде во Бундеслигата

1 min read

Управата на ПСЖ го одреди напаѓачот на бундеслигашот Лајпциг, Кристофер Нкунку како главна мета во летниот преоден рок како идеално решение во нападот на „светците“.

ПСЖ на крајот од сезоната најверонатно ќе остане без Килијан Мбапе за кого медиумите шпекулираат дека веќе има потпишано преддоговор со Реал Мадрид, а можно е од „Паркот на принцевите“ да си замине и Нејмар.

Иако Нејмар има договор до 2025 година, управата сака да се ослободи од Бразилецот и ќе се обиде да најде купувач во летниот преоден рок.

Еветнуалниот трансфер на Нкуку би значел враќање на напаѓачот во клубот во кој ја започна професионалната кариера, тој од 2014 до 2016 година настапуваше за Б тимот на ПСЖ, додека од 2016 до 2019 година беше член и на првиот тим на „светците“.

Во последните три години е чен на Лајпциг, а сезонава игра фантастично и со 27 постигнати гола и 17 асистенции го сврте вниманието на гигантите, меѓу кои е и ПСЖ.

Вредноста на Нкунку се проценува на 70 милиони евра, а германските медиуми шпекулираат дека Лајпциг нема да го пушти својот напаѓач за помалку од 75 милиони евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мрачната страна на Џеки Чен: Се откажал од ќерката и го злоставувал синот, а сопругата ја изневерувал

Следно

МТСП: И за време на штрајкот градинките ќе работат, а децата ќе бидат згрижени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian