Проклетството кое ги следеше членовите на групата Нови фосили

4 mins read

Нови фосили беше еден од најпопуларните музички акти во поранешна Југославија. Нивните големи хитови, како „За стара добра времена“, „Ја сам за плес“, „Еј, мој Саша“ итн., ја обележаа младоста на генерациите кои растеа во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, пишува „Стил“.

Па, затоа сите беа изненадени кога членовите на групата одлучија да се разделат во 2014 година. Како што пренесуваа медиумите во тој период, Рајко Дујмиќ тешко ја поднесе таа одлука. Сепак, ако се навратиме низ годините, сите членови на групата ги снајде тешка судбина.

Кавга меѓу членовите

Конфликтот меѓу членовите на Нови фосили произлезе од одлуката на тимот да го избрка Рајко Дујмиќ од групата во 2014 година, по што тој поднесе тужба.

Па, така – во 2016 беше донесена времена мерка во која се вели дека Сања Долежал, Маринко Колнаго и Владимир Кочиш Зец немаат право да настапуваат под името Нови фосили, бидејќи Дујмиќ е основач на групата и автор на повеќето од песните.

Сепак, тројцата моментни членови на групата не ја испочитуваа мерката, па затоа реагираше сопругата на Дујмиќ.

„Сања, Маринко и Зец, без оглед на временската мерка што ја донесе судот, поврзана со правото на користење на името Нови фосили, ќе настапат под името Нови фосили на 14 февруари 2020 година во Сплит“, напиша Снежана.

На тоа реагираа и другите членови на групата.

„Поради тешката болест на Дуjмиќ, одлучивме да престанеме со работа. Имено, познато е дека Рајко триесет години ја води битката со зависноста , поради која се разделивме како група во 1991 година, откако тој одби да оди на лекување“, изјавија Сања Долежал, Маринко Колнаго и Владимир Кочиш Зец, во разговор за „24 сата“.

Смртта на Дујмиќ

На 4 август 2020 година, Рајко Дујмиќ почина на 65-годишна возраст откако неколку дена беше во вештачка кома по сообраќајна несреќа.

Во една прилика, Дујмиќ тврдеше дека Сања Долежал го обвинила за смртта на нејзиниот сопруг Ненад Шариќ, инаку тапанарот на групата Нови фосили.

Трагичната судбина на другите членови

Ненад Шариќ беше погребан на роденденот на неговата сопруга , втората пејачка на Нови фосили – Сања Долежал, а првиот тапанар Слободан Момчиловиќ – Мока почина на роденденот на Рајко Дујмиќ, 7 август 1984 година.

Рајко Дујмиќ не настапи на прошталната турнеја на групата, а кога ќерката на Сања и Ненад изјави дека е горда на турнејата и дека татко ѝ гледал сѐ од небото и дека се радувал, сопругата на Дујмиќ ѝ замери бидејќи не ги спомнала други членови на групата – Ѓурѓица Барловиќ, Слободан Момчиловиќ – Мока и Рајко Дујмиќ. Таа напиша дека Нено, да беше жив, сигурно немаше да дозволи Рајко да не биде на прошталната турнеја.

„Сања изјави дека Нено починал поради мене. Не ми дозволи ни да ѝ изразам сочувство за Нено. Му рекла на Зец да не доаѓам кај неа. Не сум таков човек. Ме боли нечесноста. Ако сакав да му се одмаздам на некого, ќе го направев тоа порано“, изјавил Дујмиќ за хрватските медиуми.

Ненадејната смрт на првата пејачка на групата

Првата пејачка на Нови фосили, Ѓурѓица Барловиќ била на летување на островот Паг заедно со синовите, а кога ненадејно ѝ се слошило, со траект била префрлена во болницата во Задар, каде што починала.

„Ѓурѓица Барловиќ беше во добра здравствена состојба, затоа бев изненаден од нејзиното прерано заминување. На денот кога почина, верувале или не, престанаа сите часовници во мојот стан, а подоцна ја слушнав тажната вест“, раскажал Дујмиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Серена даде зелено светло, Муратоглу ќе ја тренира Симона Халеп

Следно

ФОТО: Османи, Рау и Кулеба во авион, одат кон полско-украинската граница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian