Пауло Дибала се наоѓа пред потпис со Милан?!

2 mins read

Фудбалерот на Јувентус, Пауло Дибала, кој на крајот од сезоната си заминува од редовите на „старата дама“ постои голема шанса да потпише за Милан и да остане во Серија А.

Весникот „Кориере дело Спорт“ пишува дека Дибала го стеснил изборот на новиот клуб на само две опции, Милан или да се пресели во Премиер лигата со што од трката испаднал Интер.

Пишувањето на „Кориере дело Спорт“ претставува вистинско изненадување бидејќи досега се споменуваше само Интер како единствен тим од Серија А во кој Дибала би сакал да игра и кој е подготвен да ги исполни финансиските барања на аргентинскиот репрезентативец.

Милан е лидер во Серија А со 67 бода, еден повеќе од Наполи на седум кола до крајот на сезоната, додека Интер е третопласиран со 63 бода, но има и натпревар помалку.

Управата на Милан планира да идната сезона да се замеша во трката за титулата во Лигата на шампионите и поради тоа во летниот преоден рок ќе тргне по неколку ѕвезди меѓу кои е и Дибала.

Во Премиер лигата најсериозен интерес пројавува Њукасл, но тешко е дека Аргентинецот ќе се согласи да се пресели на „Сент Џејмс Парк“ бидејќи екипата нема да настапува во Лигата на шампионите следната сезона.

Останатите премиерлигаши кои се подготвени да го ангажираат Дибала се Арсенал, Тотенхем и Ливерпул, но евентуалното доаѓање на „Енфилд“ ќе зависи од можното заминување на Садио Мане или Мохамед Салах.

Пауло Дибала во 2015 година пристигна во Јувентус, но соработката ќе зарши на крајот од сезоната бидејќи управата на „старата дама“ не сака да му ги исполни финансиските барања и му нуди еден милион евра помалку од тоа што го бара Аргентинецот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нов удар за Вил Смит: Поранешниот љубовник на Џејда се осврна на аферата во новата песна

Следно

ДНЕВЕН КОВИД БИЛАНС: 202 новозаразени и две починати лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian