Нов удар за Вил Смит: Поранешниот љубовник на Џејда се осврна на аферата во новата песна

2 mins read

Не стивнуваат реакциите во јавноста по скандалот кој се случи на Оскарите кога Вил Смит му удри шамар на комичарот Крис Рок кој се пошегува на сметка на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит. Од тој момент, многумина почнаа да му вртат грб на Вил Смит, а филмската индустрија постепено почна да ги откажува соработките со него.

Како сè што се случи да не беше доволно. Сега во својата нова песна, 29-годишниот рапер Аугуст Алсина во јавноста познат и како момчето со кое 50-годишната Џејда Пинкет Смит го изневери својот сопруг Вил Смит, реши јавно да го посрамоти холивудскиот актер.

Станува збор за песната „Shake the World“ во која тој се осврнува на долгогодишната врска со познатата актерка и целата ситуација ја нарекува „заплет“, а дел од песната објави и на својот инстаграм-профил.

Во времето кога медиумите почнаа да го поврзуваат со 21-години постарата холивудска актерка, раперот имал само 23 години, а сега најави дека за сè ќе раскаже во мемоари кои моментално ги пишува.

Извор близок до пејачот за „The Sun“ тврди дека Алсина се подготвува да потпише договор за своите мемоари во кој главна тема ќе биде неговата авантура со Џејда Пинкет Смит.

„Отсекогаш тврдеше дека Вил му дал дозвола да спие со Џејда, што тие јавно го негираа“, рекол изворот, додавајќи: „Август детално ќе зборува за времето поминато со Џејда, а исто така ќе зборува и за времето кога поминувал време во домот на Вил Смит, додека актерот бил отсутен поради снимања. Неколку издавачи се борат за неговите мемоари, а тој сега мора да го избере најдобриот договор. Свесен е дека луѓето се фасцинирани од оваа приказна и ќе биде среќен што ќе може да ја раскаже“.

Инаку, Џејда Пинкет Смит го запознала својот сакан благодарение на нивниот 23-годишен син Џејден.

 

ФОТО | Се огласи и Џејда: Сопругата на Вил Смит ги збуни сите со објавата

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕУФОР повторно на улиците на Бања Лука: Берлин испраќа воени трупи во БиХ?

Следно

Пауло Дибала се наоѓа пред потпис со Милан?!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian