Никој не посакува да има дете болно од канцер, ама ако веќе тоа се случи, лекувањето на Детска клиника отсега ќе биде најсовремено во регионот

2 mins read

Целосно е реновиран и реконструиран одделот на Детската клиника за лекување на деца од канцер. Ова е еден единствен оддел на ниво на целиот регион кој ќе ги згрижува сите деца болни од малигни болести на крв или други органи. Директорката на Клиниката доктор Аспазија Софијанова, истакна дека малите пациенти заедно со нивните родители ќе добијат врвна здравствена заштита со што здравството ќе биде унапредено на повисоко ниво, а децата ќе може да добијат и трансплантација.

-Отвораме нова страница во педијатријата и во здравството. Никој не посакува да има дете болно од канцер. Меѓутоа, ако веќе тоа се случи, и емоционалната и комплетната психосоцијанлна и медицинска поддршка ќе ги добијат тука на Универзитетската клиника за детски болести, каде овој оддел е реновиран. И ние рамо до рамо ќе се носиме со здравствениот систем на целиот свет, истакна доктор Софијанова.

Со отворањето на овој оддел на Детската клиника ќе се заштедат и средства од државниот буџет, додаде Софијанова.

На овој оддел инсталиран е нов систем за технички гасови и вентилација, реновирани се сите соби, поставена е нова електрична инсталација, нови врати и прозорци и ново осветлување. Со ова се предава во употреба најсовремен оддел за нега за младите пациенти не само од Македонија, туку и од Косово, Албанија и Србија.

Министерот за здравство Беким Сали рече дека овој оддел е единствен во регионот.

-На сите деца кои за жал се соочуваат со малигни проблеми, им посакувам здравје и да имаме што помалку пациенти кои имаат потреба од онколошки третман, посака Сали.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Емери презадоволен по победата над Баерн: Бевме совршени

Следно

Ковачевски: Синдикатите организираат штрајкови како форма на притисоци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian