Марк Мили: На Украина испорачани 25.000 противвоздушни оружја од САД и од сојузниците

1 min read

Украина доби околу 25.000 системи за противвоздушно вооружување од САД и нивните сојузници, што му помогна на Киев да не дозволи Русија да доминира во воздухот, изјави денеска началникот на Здружениот Генералштаб на вооружените сили на САД, генерал Марк Мили.

Тој додаде дека САД и сојузниците на НАТО и испорачале на Украина 60.000 противтенковски системи. „Украинците се исклучително благодарни за тоа“, нагласи Мили во обраќањето пред Комитетот за вооружени сили на американскиот Сенат. (МИА)

kurir.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Рај на земјата: Нина Бадриќ ужива на Малдиви

Следно

Црна Гора протера уште четворица руски дипломати: Имате рок од седум дена да ја напуштите земјата

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian