Ливерпул си договори засилување од Чемпионшип дивизијата

1 min read

Тоа што го пропушти во зимскиот преоден рок, Ливерпул ќе го реализира во летниот преоден рок, го договори трансферот на тинејџерот на Фулам, Фабио Карваљо.

Ливерпул и Фулам го договорија трансферот уште во јануари, но „црвените“ задоцнија да ја достават документацијата во Премиер лигата, поради што пропадна трансферот, иако беше планирано Карваљо да остане во Фулам до крајот на сезоната.

Иако договорот на Карваљо истекува на крајот од сезоната, Ливерпул го носи младиот фудбалер под условите што беа договорени пред неколку месеци и ќе му плати на Фулам пет милиони фунти обештетување, а ако се исполнат бонусите Фулам ќе може да добие уште 2.7 милиони фунти.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Генералното собрание на ОН ја суспендира Русија од Советот за човекови права

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Рај на земјата: Нина Бадриќ ужива на Малдиви

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian