Кулеба од НАТО земјите побара повеќе оружје

2 mins read

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, учествуваше на вонредниот министерски состанок во НАТО, од земјите членки побара повеќе оружје и построги санкции против Русија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Вчера и денес во Брисел се одржа вонреден министерски во НАТО Алијансата за да се разговара за перспективите за помош на Украина. Украинскиот министер по средбата со обрати пред новинарите и рече дека сѐ уште Украина не го доби тоа што го бара, но дека има напредок.

-Русија има свои планови, ние имаме наши, исходот ќе биде одлучен на бојното поле, важно е за сојузниците да не ни кажуваат дека уште размислуваат, дека има процедури, дека треба да се решат уште проблеми, или ќе ни помогнете сега или вашата помош ќе дојде предоцна и многумина ќе умрат, рече Кулеба на прес конференција во НАТО.

Тој рече дека во тек се борби во Донбас и дека Москва е фокусирана таму.

-Битката за Донбас ќе ве потсети на втората светска војна со масовни операции, рече Кулеба и нагласи дека Украинците се борат за безбедноста на сите НАТО земји не само на Украина.

За Украина, рече тој, помошта е важна за да се зајакне позицијата на преговарачката маса со Русија.

Сепак тој има надеж дека работите можат да еволуираат во насока каква што бара Киев иако вели дека е “внимателен оптимист“.

Кулеба рече дека од почетокот се урнати многу ѕидови во однос на украинските барања за достава на тешко оружје. Тој рече дека сојузниците на почетокот воопшто не сакале да испратат тешко оружје, но тој ѕид сега е урнат.

-Да нѐ слушнеа порано немаше да ја имаме оваа дискусија сега, изјави Кулеба и нагласи дека за сега НАТО не планира да испраќа оружје во Украина, туку да ги охрабрува земјите членки да испраќаат, но додаде дека можеби во иднина тоа би се сменило, иако за сега не е оптимист.

Министерот побара од земјите на НАТО и ЕУ да воведат санкции против руската нафта и гас и рече дека без вакви санкции Европа и Западот со една рака и помагаат на Украина, а со другата ја финансираат руската воена машина.

kurir.mk

Претходно

Рама бара да продолжат преговорите со РС Македонија за влез во ЕУ

Следно

Арсовска на средба со туристичките водичи: Активна промоција на атрактивните туристички локации во Скопје

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian