Констракта со ексклузивен настап на „Д Фестивал“ во Дојран!

1 min read

Српската претставничка на Евровизија Ана Ѓуриќ, позната под прекарот Констракта, пристигнува на „Д Фестивал 2022“, со ексклузивен настап во Македонија!

Констракта ќе настапува на Главната бина на фестивалот кој ќе се одржи од 1 до 3 јули во Дојран.

„Во моментов најбараното музичко име во регионот, уметницата која донесе автентичност и освежување на популарната музичка сцена, го потврди својот премиерен и единствен настап кај нас, ова лето на Главната бина на „Д Фестивал““, објавија организаторите.

Необичната песна „In Corpore Sano“ која беше проследена со уште понеобичен настап привлече огромно внимание во регионот и ја „размрда“ јавноста. Констракта со „In Corpore Sano“ котира високо на евровизиските обложувалници.

Констракта се искачи на 15-то место на обложувалниците, со што ги остави во сенка претставниците на останатите држави во регионот.

ВИДЕО | Се огласи и Гоца Тржан за победата на Констракта: На луѓето им се сервира ѓубре, ова е одлична промена

ФОТО | „Браво за мене“: Калиопи ослабна десет килограми за два месеци

Која е Констракта, жената која ќе ја претставува Србија на „Евровизија“?

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Александра Јанева возврати на навредлива порака од лажен профил: Ветено, сторено. Прогледав

Следно

Рама бара да продолжат преговорите со РС Македонија за влез во ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian