Гвардиола по Манчестер сити ќе седне на клупата на Бразил?!

1 min read

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е прва желба на челниците на фудбалската федерација на Бразил чија репрезентација по Светското првенство ќе остане без селектор.

Шпанскиот спортски весник „Марка“ пишува дека актуелниот селектор Тите ќе си замине од функцијата по завршување на Светското првенство во Катар што ќе се игра од 21 ноември до 18 декември.

Ова го најави и координаторот на фудбалските репрезентации, Жунињо Пернамбукано гостувајќи на бразилско радио.

– Да, Тите најверојатно си оди по Мундијалот во Катар – потврди Жунињо.

Главен фаворит за негов наследник е актуелниот менаџер на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, и на него инсистира претседателот на Федерацијата, Едналдо Родригес.

Тој им порачал на членовите на управниот одбор на Федерацијата дека сака идниот селектор да биде странец и веќе бил остварен контакт со Пере Гвардиола, братот и менаџер на Пеп.
Наводно, на Пеп Гвардиола понуден му тригодиешен договор за нето плата од 12 милиони евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Брус Вилис првпат во јавноста по откривањето на болеста: Фотографијата ја покажува вистинската состојба на актерот

Следно

Судскиот совет разреши петмина судии

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian