ФОТО| Вработените во судската администрација излегоа пред судовите

1 min read

Вработените во судската администрација утринава излегоа на протест и ги остварија најавите кои минатата недела ги објави Синдикатот на управата, правосудството и здруженија на граѓани (УПОЗ). За протестот е известена и Владата, а судскиот синдикат ги моли граѓаните за трпение и разбирање, бидејќи станува збор за прекин на работата во време од два часа.

Протест на судската администрација, Фото; Горан Наумовски/Слободен печат

Од Синдикатот велат дека во 95 отсто од институциите не се исплаќа минимална плата, а во останатите пет отсто, дел не ја подготвуваат минималната плата. Дел, пак, што веќе ја исплатиле, направиле грешки и исплатиле само минимална плата без вклучен стаж.
Досега не добиле покана од Владата за преговори, а притисокот од членството е голем и се бара прекинот на работата да продолжи.

Протест на судската администрација, Фото; Горан Наумовски/Слободен печат

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бензема му даде три гола на Челси, а малку фалеше да не биде пуштен на стадион

Следно

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian