ФОТО+ВИДЕО | Рај на земјата: Нина Бадриќ ужива на Малдиви

1 min read

Малдиви е совршена дестинација за сите оние кои сакаат егзотичен, тропски одмор. Оваа островска држава е вистински рај на земјата, па не нѐ изненадува тоа што познатите личности честопати патуваат таму. Една од нив е и хрватската пејачка Нина Бадриќ, која моментално ужива на прекрасните плажи со бел песок.

Нина е прилично активна на социјалните мрежи, каде што споделува моменти од нејзиниот приватен живот. Таа неодамна одмораше на Хвар, нејзиното омилено место во родната Хрватска, а сега сподели и дека е на одмор на Малдиви.

Пејачката сподели навистина неверојатни фотографии и снимки од оваа егзотична дестинација, а ја сними и внатрешноста на куќичката во која е сместена.

„Ова е мојата куќа отсега, па натаму“, напиша Нина, секако, шегувајќи се.

Фото: Инстаграм, Нина Бадриќ

Нејзините обожаватели ја искористија приликата да ѝ посакаат убав помин, но и да ѝ ги пофалат прекрасните фотографии.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ливерпул си договори засилување од Чемпионшип дивизијата

Следно

Марк Мили: На Украина испорачани 25.000 противвоздушни оружја од САД и од сојузниците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian