ФОТО+ВИДЕО | Александра Јанева возврати на навредлива порака од лажен профил: Ветено, сторено. Прогледав

2 mins read

Младата пејачка Александра Јанева јавноста ја памети уште по победата на музичкото шоу „Сите наши песни“ во 2013 година и на фестивалот „Макфест“ во 2013 и 2016 година.

Публиката и музичките познавачи коментираа дека „Макфест“ со „Врати ми го сонцето“ во 2013 година добил една од најдобрите песни победнички во последните 15 години. Додека, пак, во 2016 година Александра победи со песната „За сто години“.

ФОТО+ВИДЕО | Александра Јанева со нова песна „Глумиме“: Се инспирирав од навредлива порака од лажен профил

Минатата недела Александра ја промовираше нејзината нова песна „Глумиме“ за која објави и видео спот. Во таа прилика, пејачката изјави дека песната всушност е инспирирана од навредлива порака што ја добила на социјалните мрежи од лажен профил.

Александра вчера на својот инстаграм-профил сподели порака која ја добила, па многумина си потврдија дека веројатно некоја слична ситуација ја инспирирало да ја напише нејзината најнова песна која за само неколку дена ја освои македонската публика.

александра јанева
Александра Јанева / Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Те слушам во интервјуа се правиш пејачка јака, а во… пееш на плочки во мрак… бар стави некоја гајба поткачи се девојко“, гласи пораката која ја добила Јанева.

Но, Александра не застана тука. Таа сподели и неколку видеа во кое реши да возврати на хумористичен начин.

„Здраво дечки, вечерва сум на проба и одлучив да видам какво е чувството да се пее од малку повисоко, на гајба. Затоа ги замолив дечките од бендот да ми најдат една зелена гајба. Си облеков и зелени патики да ми одговараат, па да видиме како ќе биде“, се пошегува таа.

 

„Ветено, сторено. Прогледав“, напиша Александра во описот на следното видео во кое го изведува рефренот од „Тишина“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петков притиснат од партнерите, Ковачевски од противниците

Следно

Констракта со ексклузивен настап на „Д Фестивал“ во Дојран!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian