ФОТО | Се сеќавате на Доктор Хаус? Актерот овие денови е непрепознатлив!

1 min read

Беше ѕвезда на една од најпопуларните американски серии на овие простори…

Актерот Хју Лори беше екстремно популарен во својата родна Англија кога ја доби главната улога во серијата „Доктор Хаус“.

Приказната за саркастичниот доктор кој со необични методи доаѓа до решение за секоја здравствена мистерија го воодушевуваше светот, а на Лори му донесе планетарна популарност.

Серијата траеше од 2004 до 2012 година, а кога заврши Лори учествуваше во неколку нови проекти. Но, ниту еден од нив не успеа да допре до огромниот број на гледачи како „Доктор Хаус“, а Лори во очите на публиката изгледа засекогаш ќе остане познат по улогата на контроверзниот доктор.

Овие денови актерот изгледа значително поинаку од тоа што го паметиме во серијата.

Хју Лори/Фото: Профимедиа

Тој е сликан на улиците во Лондон додека го шетал своето куче, а како што изгледа, физичкиот изглед не му е приоритет во овој момент.

Хју Лори/Фото: Профимедиа

Актерот делуваше прилично запуштено со долга и седа брада, но се чини дека тоа воопшто не му пречи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Не е прифатена оставката, Стојчев останува на клупата на Академија Пандев

Следно

Рама ќе бара Албанија и С. Македонија да се разделат на патот кон ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian