ФОТО: Османи, Рау и Кулеба во авион, одат кон полско-украинската граница

1 min read

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска отпатува кон полско-украинската граница со својот украински колега Дмитро Кулеба и полскиот шеф на дипломатијата Збигњев Рау.

-Заедно со министрите за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау и на Украина, Дмитро Кулеба на пат кон полско-украинската граница; како дел од тројката претседавачи на ОБСЕ ќе ни се придружи и министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде, напиша Османи на Фејсбук, објавувајќи фотографија на која се тој, Рау и Кулеба во авион на пат кон границата.

„Не само што имаме цврста поддршка за украинскиот народ, туку воедно демонстрираме и потврда за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, согласно меѓународното право и основните документи на ОБСЕ“, напиша Османи и додаде дека заедно со Кулеба и Рау ќе посетат центар за бегалци во близина на границата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Проклетството кое ги следеше членовите на групата Нови фосили

Следно

ФОТО: Роналдо им одговори на Руни и Карагер: Љубоморни сте

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian