Ескобар остро кон Сали Бериша: Ако ја напаѓате амбасадорката Ким, тоа е напад и врз претседателот Бајден

2 mins read

По обвинувањата и навредите, кои албанскиот опозиционер Сали Бериша и неговите приврзаници во континуитет ги искажуваат за американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, која ја нарекуваат гувернерка која се меша во внатрешните работи на Албанија, на прашања на телевизијата „Топ чанел“ упатени до Стејт департментот, одговорил лично Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан.

-Шокиран сум од нападите врз нашиот амбасадор во Тирана. Знаеме дека овие напади не го претставуваат албанскиот народ. Амбасадорката Ким е личен претставник на претседателот на САД. Како што јасно кажа портпаролката на Стејт департментот во декември, очекуваме таа да продолжи да ги објаснува и спроведува американските политики, вклучително и оние на претседателот Бајден, вклучително и одлучноста дека ќе ги повикаме на одговорност оние кои се вмешани во корупција и поткопување на демократијата, стои во одговорот на Ескобар.

Според телевизијата, со реакцијата на високиот функционер на Стејт департментот уште еднаш се потврдува дека „надежта на Сали Бериша дека овој американски курс може да се смени, како што тој се обидува по секоја цена, е и ќе остане сон во фиока“.

-Нашиот став за санкционирање за корупција или за поткопување на демократијата е јасен, цврст и непроменет, потенцира Ескобар.

Ова е уште една американска „шлаканица“ токму во моментот кога се ближи 30 април, датум на кој прврзанците на Бериша закажаа изборно собрание и тој се гледа се поблиску до официјализирањето на лидерската функција во Демократската партија, пишува „Топ чанел“.

Бериша и неговите приврзаници ја обвинуваат амбасадорката Ким дека не се однесува во согласност со Виенската конвенција, кршејќи ги сите правилата на однесување поради „теренот што го нашла кај Рама и Баша за да игра улога која не и припаѓа мешајќи се во внатрешнте работи на земјата“, што според нив „се нејзини лични ставови, а не на САД“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Томас-Гринфилд: Суспензијата на Русија е историски ден

Следно

Серена даде зелено светло, Муратоглу ќе ја тренира Симона Халеп

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian