Емери презадоволен по победата над Баерн: Бевме совршени

2 mins read

Фудбалерите на Виљареал продолжуваат со одличните игри во Лигата на шампионите остварувајќи триумф од 1:0 над Баерн Минхен во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите. Ова е втора победа по ред за „жолтата подморница“ против поранешен европски шампион, откако во осминафиналето беше совладан Јувентус со 3:0 и тоа во Торино.

Човек на одлука беше Данжума кој единствениот гол го постигна во осмата минута, а Виљареал доминираше и во продолжение од натпреварот и му беше поништен гол поради офсајд, а тренерот Унаи Емери е презедаволен од играта на неговите фудбалерите.

– Најголемо задоволство ми причинува кога ќе видам дека навивачите се горди и сакаат тој момент да го поделат со играчите. Ги направивме среќни и јас сум горд поради тоа – рече Емери.

Вчерашниот натпревар за Емери беше 50. во кариерата на кој водел екипа во европско клупско натпреварување, а прв пат остварува две победи во нокаут фазата.

– Бевме совршени против Баерн. Постигнавме гол, ни беше поништен уште еден гол, а иако Баерн имаше свои шанси, ние имавме повеќе. Задоволен сум од тоа што го видов и посакувам вака да одиграме и во реваншот – додаде Емери.

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман призна дека неговите фудбалери заслужено загубија.

– Заслуживме да загубиме, едноставно не бевме добри. Во првото полувреме имавме многу малку шанси, а исто беше и во второто. Ја препуштивме контролата на играта на Виљареал бидејќи очајно посакувавме да постигнеме гол, но можевме да примиме уште два – призна Нагелсман.

ВИДЕО: „Предатор“ Карим Бензема, со хет-трик го покори европскиот шампион Челси!

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џони Деп и Милош Биковиќ рамо до рамо во новото продолжение на „Јужни ветар“?

Следно

Никој не посакува да има дете болно од канцер, ама ако веќе тоа се случи, лекувањето на Детска клиника отсега ќе биде најсовремено во регионот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian