Додадени на официјалниот список: Девет нови симптоми на коронавирусот

1 min read

Официјалната листа на симптоми на ковид-19 е проширена и сега вклучува девет нови знаци на зараза со коронавирусот.

Британската Агенција за здравствена безбедност ја ажурираше листата на симптоми кои сега вклучуваат болки во грлото, болки во мускулите и дијареја, пишува Би-би-си.

Промената се случува повеќе од две години по почетокот на пандемијата и само неколку дена откако беше прекинато бесплатното тестирање во Англија.

Сепак, агенцијата предупредува дека многу од новите симптоми се многу слични на оние кај настинката и грипот.

Оригиналните симптоми на заразата со коронавирусот кои се идентификувани во Велика Британија се:

– температура

– континуирана кашлица

– губење на мирисот и вкусот

Од почетокот на пандемијата, познато е дека овие три симптоми се само врвот на ледениот брег. Светската здравствена организација (СЗО) веќе некое време користи подолг список на симптоми.

Сепак, во Британија веќе извесно време се води дебата за тоа кои симптоми треба да се сметаат за индикација за тестирање на ковид. Главоболката е, на пример, познат симптом на ковид, но нема да се тестира секој човек што има главоболка.

Новата листа на симптоми во Британија ги вклучува следните девет:

– краток здив

– чувство на замор и исцрпеност

– болки во телото

– главоболка

– воспалено грло

– затнат нос или течење на носот

– губење на апетитот

– дијареја (пролив)

– чувство на гадење или повраќање

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Утринските температури над нулата

Следно

ВИДЕО | Дувњак: Настрада имиџот на Тупанчевски, очекувам некој функционер кога ќе згреши да се извини

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian