Реал Мадрид вчера славеше со убедливи 1:3 во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите на гостувањето кај Челси благодарение на трите гола на Карим Бензема, кој за малку немаше да може да влезе на стадионот „Стемфорд бриџ“.
Имено, Бензема при излегување на клупскиот автобус пред стадионот, не можел да ја пронајде акредитацијата.
– Кога излеговме од автобусот му реков на Карим дека нема да игра бидејќи не можел да ја пронајде акредитацијата. Но, за среќа, неколку минути подоцна успеавме да ја пронајдеме и тоа благодарение на нашиот физиотерапевт – изјави тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.
Реванш натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Челси треба да се игра наредниот вторник на „Сантијаго Бернабеу“.