ВИДЕО | Шиковска: Ромите треба да се интегрираат во големите партии за полесно да се изборат за своите права

1 min read

Како да се смени перцепцијата дека ромската заедница е само инструмент во политичките пазарења е темата за која во Утрински брифинг разговаравме со пратеничката Љатифе Шиковска, од СДСМ.

-Денеска интерпарламентарната група ќе оди во посета на ромските маала. Оваа посета е дел од акцискиот план и не е поврзано со пописот, вели Шиковска.

Шиковска вели дека секој припадник од ромската заедница треба да се приклучува кон големите партии затоа што на тој начин се врши поголема инклузија и е полесно да се решаваат проблемите што со години ја мачат ромската заедница како што се образование, здравство, недискриминација и слично.

-За жал, по 30 години независна Македонија состојбата на Ромите сѐ уште е лоша, вработувањето на Ромите е ниско, во здравството имаме проблем со немање гинеколог во Шуто Оризари, вели Шиковска.

Таа вели дека ромските политички партии ако ги гледаат своите лични интереси состојбата на Ромите ќе остане иста. Шиковска вели дека ромските партии мора да се  реформираат и да влезат нови, образовани млади сили бидејќи денес има Роми кои се факултетски образовани и магистри. Според неа, ромските политички партии се многу пасивни а има многу случувања. Тие треба да бараат системски колективни промени во ромската заедница, а тоа е секојдневна борба.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скриени симптоми на сексуално преносливи болести кои никогаш не смеете да ги игнорирате

Следно

Казнети 99 возачи поради непропуштање пешаци на пешачки премин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian