ВИДЕО: „Предатор“ Карим Бензема, со хет-трик го покори европскиот шампион Челси!

1 min read

Вечерва во првиот натпревар од четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите, составот на Реал Мадрид како гостин на „Стемфорд Бриџ“ го совлада Челси со 1:3.

„Кралевите“ се поблиску до пласман во полуфиналето, а за тоа најмногу заслуга има фантастичниот напаѓач Карим Бензема.

Французинот игра во одлична форма, ги постигна сите три гола на Реал и на колена го фрли актуелниот европски шампион.

За само три минути (21`, 24`) Шпанците стекнаа висока предност, а во 40 минута Англичаните преку Хаверц ја намалија негативата.

На стартот од вториот дел (46`) Бензема го комплетираше својот хет-трик. Реваншот на „Сантјаго Бернабеу“ ќе се игра на 12 април со почеток од 21.00 часот.

Баерн дојде како фаворит на гостувањето кај Виљареал, но домаќинот изненади и на крајот триумфираше минимално со 1:0 со гол кој го постигна Данјума после асисистенцијата на Парехо. Возвратната пресметка во Минхен ќе се игра на 12 април од 21.00 часот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Кортни Кардашијан сподели фотографии од пробната венчавка

Следно

ВИДЕО | Дедо ја однел внуката на шопинг и слатко ги насмеал сите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian