ВИДЕО | Отворен „Youseum“, првиот селфи музеј во Стокхолм

1 min read

Новиот музеј на самослик фотографии, „Youseum“ во Стокхолм, Шведска, нема уметнички дела на своите ѕидови. Наместо тоа, неговите осветлени, украсени соби се предвидени како забавна позадина за посетителите да може самите да се сликаат и снимаат.

Музејот, како што велат, ги претвора своите посетители и во уметници, и во експонати истовремено.

„Можете да си се фотографирате и да креирате „суперсодржина“ за вашиот Инстаграм… Ова е совршено место за Тик-ток видеа“, изјави менаџерката Софија Мекиниеми, додека ја покажуваше собата со емотикони.

Фото: EPA-EFE/SEM VAN DER WAL

Во другите простории, можете да се закопате во вештачка пена, да позирате под неонски светла или да седите на џиновска розова лулашка.

Овој концепт започнал во Холандија, каде што веќе има два такви музеи.

Иако постарите генерации можеби се потсмеваат на оваа замисла, 70-годишниот професор Бил Бергвинкл, кој го посетува ова место со својата внука тинејџерка, рече дека треба да го прифатиме тоа.

„Мислам дека така е поставен светот сега и овој необичен музеј, се чини, ја исполнува својата цел“, изјавил тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џагорот и смеата ги прекинаа снајперски истрели – 30 години од почетокот на опсадата на Сараево

Следно

Институциите не го почитуваат и го игнорираат Народниот правобранител, се жали Зибери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian