ВИДЕО: Легендарниот дрес на Диего Марадона од СП 1986 година оди на аукција!

2 mins read

Дресот кој го носеше аргентинската фудбалска легенда, Диего Армандо Марадона, кој постигна гол во четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година против Англија, ќе биде понуден на аукциската куќа „Сотби“, две години по неговата смрт, со надеж дека ќе се продаде за повеќе од пет милиони долари, пренесува „Гардијан“.

Повеќе од 35 години сопственик на овој син дрес со број „10“ е поранешниот играч за врска на англиската репрезентација Стив Хоџ, кој на крајот од тој натпревар го замени дресот со Марадона. Победата на Аргентина од 2:1 во четвртфиналето е една од најконтроверзните во историјата на Светските првенства, токму поради голот на Марадона, погодок кој подоцна го доби името „Божја рака“.

Поранешниот англиски фудбалер, кој својата автобиографија ја нарече „Човекот со маица на Марадона“, му го довери дресот на Националниот фудбалски музеј во Манчестер за да биде изложен таму и вети по смртта на Марадона дека предметот нема да биде на продажба бидејќи има „неверојатна сентиментална вредност“. Сепак, се чини дека се предомислил.

Во соопштението на „Сотби“, во кое беше објавена продажбата, Хоџ рече дека е „сигурен дека новиот сопственик ќе биде многу горд што го поседува“ овој дрес, кој „има длабоко културно значење за фудбалскиот свет, аргентинскиот и англискиот народ“.

Сотби, кој ќе го изложи во своите простории во Лондон за време на онлајн продажбата (од 20 април до 4 мај), одреди почетна цена од четири милиони фунти, што е повеќе од 5,2 милиони долари.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ослабнав 152 килограми за моите деца да се гордеат со мене, а потоа го замразив своето тело

Следно

Русија се заканува со последици доколку биде суспендирана од Советот за човекови права на ОН

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian