ВИДЕО | Филмот на Џон Малкович и Роберт Родригез е снимен во 2015, а ќе биде прикажан дури во 2115 година

2 mins read

Џон Малкович и Роберт Родригез снимија филм кој ќе биде прикажан дури во 2115 година…

Темата на филмот, соодветна на насловот „100 Years“, е сместена во сегашноста, но ќе биде прикажана дури на 18 ноемврии 2115 година. Станува збор за добро смислен рекламен трик во кој брендот за коњак „Louis XIII“ го ангажираше познатиот мексикански режисер Роберт Родригез за амбициозниот уметнички експеримент за снимање на филмот кој стотина години ќе одлежи зад непробојно стакло.

Бројките не се случајни, сто години е периодот кој поминува меѓу полнењето на Louis XIII и пуштањето во продажба на ова скапоцено шише, чија просечна цена е околу 3000 долари. Во склоп на оваа луксузна реклама ангажирана е актерската ѕвезда Џон Малкович, придружуван од Шуја Чанг и акционата ѕвезда Марко Зарор.

Ниту еден детал за филмот не е излезен во јавноста, освен три тизери кои не се дел од филмот и не ја откриваат воопшто темата, туку се софистицирана реклама за кољакот „Louis XIII“ сместен во три различни верзии од иднината.

„Кога проектот за првпат беше претставен, постоеа неколку опции за тоа што ќе се случува во иднината. Неверојатно висока технологија, компјутеризирана верзија од светот, пост-Чернобил, враќање на природата, полусрушена цивилизација, а потоа постоеше и еден вид на ретро иднина каква што е замислена во научната фантастика во 1940-те или 1950-те“, изјави Малкович.

Како дел од промоцијата на филмот, „Louis XIII“ ќе подели 1000 метални влезници кои ќе им овозможат на потомците наследници за купените билети да ја погледнат проекцијата на филмот „100 Years“ за 100 години.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Талентираните ученици и спортисти добија стипендии од општина Карпош

Следно

МПЦ-ОА: Црковните теми и содржини да се остават на црковните дејци и авторитети

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian