ВИДЕО: Да бидеш социјален ментор значи да овозможиш на едно ранливо лица да стане економски независно

6 mins read

Во период на економска криза кога дури и лицата конкурентни на пазарот на трудот тешко доаѓаат до работен ангажман, лицата кои се тешко вработливи скоро и да не можат да добијат никаква шанса за ваботување. Со цел да им се даде шанса и на овие лица, деновиве беше промовирана нова професија, ментор за работна интеграција, верификувана програмата за социјални ментори. Обуката подразбира теоретски и практичен дел по што се добива сертификат за ментори за работна интеграција.

– Ние менторите ги викаме агенти за  промена, мостот кој овозможува поврзување на пазарот на труд со социјалата, а со тоа да ги изнесат лицата кои се тешко вработливи од исклученост кон вклученост. Со помош на социјалните ментори, лицата кои се тешко вработливи ќе може да ги препознаат своите афинитети и квалитети и успешно да се вработат, рече денеска во Утрински  брифинг, Климентина Илиевски, извршен директор на асоцијацијата за  истражување „Паблик“.

Магдалена Чадиноска Кузманоски – проектна координаторка и социјална менторка вели дека секое лице кое е соодветно водено и поддржано може да направи многу и за себе и за заедницата во која што живее.

-Јас сум дел од тимот на Паблик што ја пилотираше оваа програма. Кога првпат слушнав за идејата и земајќи ја во предвид мојата професионална определба, воопшто немав дилема за одлуката дали да се приклучам кон програмата. Работам со лица во социјален ризик, односно лица кои долго време биле исклучени од пазарот на трудот и со жени жртви на насилство.  И од двете целни групи научив навистина многу, а нешто што ќе остане со мене е фактот дека секое лице кое е соодветно водено и поддржано може да направи многу и за себе и за заедницата во која што живее. За мене ова е инклузија, кога лицата не ги заглавуваме во системот на социјлна заштита, туку вака соодветно менторирани ги вадиме од тој систем и стануваат рамноправни учесници во заедницата, вели Магдалена.

Таа нагласува дека веќе има забележливи позитивни резултати.

– Во работата со ранливи граѓани секое поместување е резултат. Програмата налага дека не е само вработувањето успех, туку една од целите е да ги зајакнеме соодветно да станат поконкуренти на пазарот, да ги поттикнеме компетенциите кај менторираните лица и да се видат и самите со поинакви очи. Ако се земе предвид дека сеуште бизнисот ги нема така широко отворено вратите за вработување на вакви лица, јас сум повеќе од задоволна од досегашниот успех. Работам со 6 лица, од кои 3 се вработија и што е најважно го задржаа вработувањето, барем за сега. Еден од поголемите успеси е што со заедничко залагање со Здружението на млади правници, на пат сме да издвоиме една битка која се водела со децении, односно лице без документи конечно да добие граѓански статус и да ги ужива истата права како останатите, додава социјалниот ментор Магдалена Чадиноска Кузманоски.

Програмата подразбира два  клучни дела. Едниот дел е директна работа со лицето кое треба да излезе на пазарот на труд за да може да ги препознае и развие своите капацитети, а од друга страна менторот треба да го направи поврзувањето со бизнис секторот кој ќе создаде инклузивни работни места и да се создаде средина каде лицето не само што ќе може да се вклучи, туку и да се развива.

– Менторите за работа доаѓаат од граѓански организации или институции каде што веќе имаат контакт  со  лица кои имаат проблем да излезат на  пазарот на трудот. Меѓу менторите има  лица кои работат со лица со попречености, со младинци од улица, со бездомници и со жени жртви на насилство. Изминатиов период се направи една адаптирана програма изработена во соработка со УН Вомен (UN Women) за жени жртви на насилство,  за да  можат истите да бидат вклучени и задржани на работа, додава Илиевски.

Менторите веќе ги практикуваат нивните вештини на  терен. Во соработка со МТСП се разгледува опција како ова да влезе во систем за да донесе бенефит за поголема  група на луѓе. Во рамки на овој долготраен процес ќе се работи и со компаниите, да им се помогне да обезбедат инклузивни работни места и ментор кој ќе му овозможи на лицето да ги надрадува професионалните вештини, но истовремено и да комуницира со социјалниот ментор доколку се увиди потреба со цел да се задржи лицето на работното место.

Еден ментор ќе може да работи со седум до девет лица истовремено.Во моментов преку социјалните ментори фокусот е ставен на лицата кои се корисници на социјална помош, и обид истите да бидат финансиски независни, дополнува Климентина Илиевски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Илон Маск повторно на врвот: Со повеќе од 100 милијарди долари пред Џеф Безос

Следно

Попов: Под мотото „Визија за победи, шанса за промени“ УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира стратегијата за младите во државата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian