Тажен крај на една убава традиција: УЕФА ја прекина соработката со „Панини“!

1 min read

Популарните фудбалски сликички и албуми произведени досега од „Панини“ заминуваат во историјата.

УЕФА одлучи да го замени ексклузивниот производител на картички и сликички, тоа ќе биде компанијата „Топс“, која ќе го замени „Панини“, пренесува „ЕСПН“.

„Топс“ ќе произведува сликички и албуми за Европското фудбалско првенство во 2024 и 2028 година, Европското првенство за жени во 2025 година и Лигата на нации во 2028 година.

„Панини“ ќе остане под договор со ФИФА и ќе произведува сликички за претстојното Светско првенство.

Инаку, „Панини“ го издаде својот прв албум со слики од фудбалери во пресрет на Светското првенство во 1970 година.

Како што е и нам добро познато, поради дебитанството учество на македонската А репрезентација, со „Панини“ собиравме и си разменувавме сликички за Евро 2020.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Игор Џамбазов, Весна Петрушевска и децата актери со еко химна за важноста на грижата за животната средина

Следно

Грковска писмено го укори Тупанчески за патувањето во Палермо

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian