Стоилов: Ова е чекор напред за Вардар, сега ни следува тешка задача во шампионатот

2 mins read

Вардар 1961 денеска ремизираше на реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Веспрем со 31:31, но пресуди високиот пораз во Скопје од 22:30, па така Унгарците се пласираа во следната фаза.

Тренерот на скопските „црвено-црни“, Давид Дејвис му честиташе на противникот, на колегата од спротивната страна Момир Илиќ, за пласманот во четвртфиналето на ЛШ.

– Сакам да им честитам на моите играчи, не беше лесно да се игра. Иако мечот беше решен во првиот дел, но продолживме да играме, обидувајќи се да го кренеме тимот, бидејќи пред нас имаме важни натпревари. Од денешниот резултат сум задоволен, да се игра рамноправно со Веспрем не е лесно, барем за мене тоа беше важно. Сакам да им се заблагодарам на навивачите кои дојдоа од Скопје, кои секогаш ни ја даваат поддршката и му будат спомени – рече Дејвис на прес-конференцијата по мечот.

Тренерот на Веспрем, Илиќ му посака на Вардар 1961 да ја освои титулата во домашната лига.

– Му честитам на Веспрем за пласманот во четвртфиналето. Благодарност и до нашите навивачи кои дојдоа тука и покрај поразот во Скопје. Што да кажам за мечот, дојдовме тука да се бориме, да се обидеме да победиме и да го дадеме најдоброто, мислам дека дел од ова го реализиравме. Не е лесно да се игра ваков натпревар после пораз од осум голови разлика на домашен терен. Имаше многу грешки, но и добри работи, нашите голмани беа добри. Ова е чекор напред за нас, а сега имаме тешка задача во македонскиот шампионат – беа зборовите на пивотот на Вардар 1961, Стојанче Стоилов.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДEO | Бојкот на брендот: Збеснати богати Русинки сечат Шанел ташни

Следно

СДСМ реагира на говорот на Мицкоски: Ист е како Груевски, не може да донесе промени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian