Скриени симптоми на сексуално преносливи болести кои никогаш не смеете да ги игнорирате

3 mins read

Повеќето луѓе се свесни за вообичаените симптоми предизвикани од сексуално преносливи инфекции, како што се рани или чувство на печење на гениталиите, но сексуално преносливите болести исто така може да предизвикаат симптоми на кое било друго место на телото.

Доктор Маној Малу, основач и директор на клиниката Кларевел, предупредил да се обрне внимание на одредени симптоми на сексуално преносливи болести, дури и на оние што можеби не ги очекувате.

– Кога луѓето размислуваат за сексуално преносливи инфекции, обично мислат на симптомите кои се појавуваат на гениталиите. Но, важно е да се знае дека повеќето сексуално преносливи болести можат да предизвикаат симптоми на други делови од телото – вели д-р Малу.

Грутки на анусот

Доктор Малу вели дека многу пациенти со јазли во подрачјето на анусот мислат дека имаат хемороиди, што е разбирливо, но брадавиците на анусот (предизвикани од Хуманиот папилома вирус (ХПВ)) честопати може да изгледаат како хемороиди и да бидат помешани со нив па поради тоа и погрешно лекувани.

Црвени и лепливи очи

Лесно е да се објаснат црвените и лепливи очи како последица на алергија на полен, но кламидија и гонореја можат да предизвикаат слични симптоми, особено ако сте биле во интимен контакт со некој што ги има овие болести, предупредува д-р Мали. Тој додава и дека сифилисот може да предизвика црвенило на очите во комбинација со нарушувања на видот.

– Личноста може да доживее и некои симптоми кои лесно може да се игнорираат, како што се благ осип на кожата, замор или блага зголемена телесна температура, но кога сифилисот ги погодува очите, тоа е многу сериозна работа и не треба да се зема здраво за готово – вели д-р Малу.

Губење на косата

Во втората фаза, која може да се појави во рок од неколку месеци до две години по заразата, сифилисот може да предизвика губење на косата. Д-р Малу предупредува дека губењето на косата предизвикано од сифилис може да се прошири и до опаѓање на веѓите, трепките, влакната од пазувите и влакната на рацете, нозете и торзото.

Болки во зглобовите

Доктор Малу вели дека некои пациенти имаат болно отекување на големите зглобови (лактите, рачните зглобови, колената и глуждовите) поради инфекција со кламидија. Посебно сериозен проблем е септичката инфекција на зглобовите предизвикана од гонореја, при која зглобовите стануваат многу црвени, жешки и отечени, а таквата состојба бара итно болничко лекување.

Треба да се спомене и дека деструкцијата на зглобовите на коленото предизвикано од напреднат сифилис било вообичаено сѐ до појавата на пеницилинот, но за среќа, денес тоа е многу редок случај, пишува британски „Сан“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Еве каде утрово има минусни температури – на едно место во Македонија се уште не е дојдена пролетта, повторно снег

Следно

ВИДЕО | Шиковска: Ромите треба да се интегрираат во големите партии за полесно да се изборат за своите права

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian