Шаќири имаше успешно деби со Шкендија, само бод за „пандевци“ во Велес

1 min read

Денеска во рамките од 26 коло во Првата македонска фудбалска лига составот на Шкендија триумфираше во Битола над Пелистер со 0:2.

Успешно деби на Градскиот стадион Под Тумбе Кафе имаше новиот тренер на клупата на тетовските „црвено-црни“, Артим Шаќири. Стрелци на головите за гостинската екипа беа Маневски во 65 и Нафиу во 78 минута од средбата.

Шкупи одигра без голови со Скопје, а Академија Пандев ремизираше 1:1 со Борец во Велес. „Пандевци“ стекнаа водство во 11 минута со погодокот на Ангелов, а велешани израмнија преку Ѓорѓевиќ (59`).

Работнички убедливо славеше против Брегалница со 0:3, Максимов двапати ја затресе штипската мрежа, а еднаш Илиевски.

Тиквеш со головите на Каракамишев и Спахиу ја надигра екипата на Струга Трим Лум, а Македонија ЃП со погодокот на Алексовски во финишот дојде до трите бода на дуелот со Ренова.

Прва лига, 26. коло

Денеска, резултати –

Скопје – Шкупи 0:0
Борец – Академија Пандев 1:1
Брегалница Штип – Работнички 0:3
Пелистер – Шкендија 0:2
Ренова – Македонија ЃП 0:1
Тиквеш – Струга Трим Лум 2:0

Табела:

1. Шкупи 62 бодови
2. Шкендија 51
3. Академија Пандев 49
4. Македонија ЃП 49
5. Ренова 37
6. Брегалница Штип 37
7. Работнички 34
8. Струга Трим Лум 33
9. Скопје 26
10.Тиквеш 24
11.Борец 15
12.Пелистер 10

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Елена Велевска ужива во Дубаи: Пејачката ја покажа сета раскош

Следно

Ако сте купиле производи„Киндер“, не јадете ги – „Фереро“ повлекува производи поради сомневање за салмонела

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian