Селена Гомез за биполарното растројство: Четири години без социјалните мрежи, а сега се враќа со нова мисија

2 mins read

Селена Гомез, откако се појави на телевизија пред повеќе од една деценија, е исклучително популарна…

Пејачката и актерка решила подетално да зборува за менталното здравје и проблемите со кои се соочила во настојувањата да им помогне на другите.

Добитничката на Американската музичка награда се осврнала на тоа во новото интервју за „Good Morning America“, во кое споделила информации за интернет страницата што ја отвора со цел да им помогне на оние со слични проблеми.

Селена вели дека не била активна на Интернет повеќе од четири години, иако сега ги користи социјалните мрежи за да допре до сите кои се борат со проблеми со менталното здравје.

„Не бев на социјалните мрежи четири и пол години, тоа го промени мојот живот комплетно. Сега јас сум посреќна, многу поприсутна и контактирам со многу повеќе луѓе. Тоа ме прави да се чувствувам нормално“, открила Селена, а пренесува „Daily Mail“.

Поранешната ѕвезда на „Дизни“ открила дека ѝ било дијагностицирано биполарно растројство во 2020 година и објаснила дека разбирањето на нејзиното ментално здравје е „најважната работа на светот“.

„Оние денови кога не сакам да станам од кревет, сакав да имам мрежа како оваа што ја правам, дури и да ми требаше една минута да влезам во неа, таа едноставно е тука. И има нешто навистина утешно во тоа“, искрено раскажа Гомез.

Селена сега има 29 години, а во јавниот свет влезе кога беше сосема млада, сега веќе во далечната 2007 година кога глумеше во „Волшебниците од Вејверли Плејс“ на каналот „Дизни“. Оттогаш, таа се прослави во музичката, телевизијата и филмската индустрија со околу 309 милиони следбеници на социјалните мрежи.

Таа се надева дека ќе ја искористи улогата на влијателна личност за добро:

„Ако сум позната по нешто, се надевам дека тоа е само поради начинот на кој се грижам за луѓето“, откри таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Казнети 99 возачи поради непропуштање пешаци на пешачки премин

Следно

ВИДЕО | Атанасовски: Длабоката држава не е заинтересирана Македонија да влезе во ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian