СДСМ реагира на говорот на Мицкоски: Ист е како Груевски, не може да донесе промени

1 min read

Сѐ е исто во ВМРО-ДПМНЕ и во УМС, Мицкоски е како Груевски – ниту може да води кон иднината, ниту да донесе промени, пишува во соопштението со кое владејачкиот СДСМ реагира на вечерашниот говор на Христијан Мицкоски пред членовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Еве ја во целост реакцијата на СДСМ:

„Вечерашното обраќање, па и самиот настан на УМС, покажаа уште еднаш дека сѐ е исто во ВМРО-ДПМНЕ и дека нема никаква промена. Христијан Мицкоски е ист како Никола Груевски.

За протекционизам вечерва зборуваше човек кој стана асистент кај неговиот татко, за партизација на општеството зборуваше претседател на партија чии градоначалници не чекаа ниту 100 дена за да ги наполна општините со партиски кадри.

Полна е устата на Мицкоски за животен стандард ама испушти да каже дека неговите пратеници во Собранието го блокираат секој закон кој значи денар повеќе во семејните буџети.

Врвот на лицемерието на Мицкоски е наводната загриженост од резултатите од пописот, попис кој токму неговата партија заедно со нивниот коалициски партнер Левица правеа се за тој да не успее, повикуваа на бојкот на штета на граѓаните и државата. Ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту олицетворението на Груевски, Христијан Мицкоски, не можат да водат кон иднината, ниту пак да донесат промени“, велат од владејачката партија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стоилов: Ова е чекор напред за Вардар, сега ни следува тешка задача во шампионатот

Следно

Бизарна љубовна приказна: Се сакале повеќе од сѐ, а ги разделила тешката болест

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian