САД нема да учествуваат на состаноците на Г-20 доколку присуствува Русија

1 min read

Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави денеска дека САД нема да учествуваат на состаноците на Групата 20 (Г-20), која ја сочинуваат економски најразвиените земји, доколку присуствува Русија.

– Претседателот (Џозеф) Бајден јасно стави до знаење, и јас секако се согласувам со него, дека Русија не може да продолжи да учествува на вообичаен начин ниту во која било финансиска институција, истакна Јелен во обраќањето пред Комитетот за финансиски услуги при Претставничкиот дом на САД.

Таа наведе и дека американскиот претседател побарал Русија да биде исклучена од Г-20 и јасно им ставила до знаење на своите колеги во Индонезија, земјата домаќин на самитот на Г-20, дека САД нема да учествуваат на бројни состаноци доколку присуствуваат руски претставници.

kurir.mk

Претходно

Ако сте купиле чоколади „Киндер“, не јадете ги – „Фереро“ повлекува производи поради сомневање за салмонела

Следно

Ослабнав 152 килограми за моите деца да се гордеат со мене, а потоа го замразив своето тело

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian