Попов: Под мотото „Визија за победи, шанса за промени“ УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира стратегијата за младите во државата

3 mins read

Денеска како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ одбележуваме 31 година од нашето постоење, централниот настан ќе се одржи во Прилеп бидејќи пред 31 година на 6ти и 7ми април се одржал партискиот конгрес на кој е донесена одлука за формирање на младинска организација на ВМРО-ДПМНЕ, вели Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во интервју во дневникот на телевизија Алфа.

Попов потенцираше дека вечерва под мотото „Визија за победи“ ќе се промовира за прв пат документ односно стратегија за младите во сите сфери од општествениот живот.

Вечерашниот настан ќе се одржи под мотото „Визија за победи, шанса за промени“ бидејќи на младите им е доста од наметнати порази и поради тоа што вечерва за прв пат во историјата на независна Македонија како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ќе промовираме наш програмски документ односно стратегија за младите насловена „Визија за победи“.

Стратегијата за млади насловена „Визија за победи“ беше изработена од млади активисти на унијата, секако во консултација со пошироката јавност и невладини организации, младински организации и експерти. Во „Визија за победи“ ние всушност објаснуваме како го гледаме патот по кој треба да се движи нашата држава Република Македонија и тоа за сите сфери од младинското живеење, како што е спортот, културата, образованието, медицината, младите земјоделци, младите лекари итн, истакна тој.

На прашањето што предлага Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ за подобрување на образовниот процес во државата, Попов рече дека образованието во државата го има пробиено дното и токму поради тоа се потребни реформи во кои што ќе бидат вклучени сите политички партии, општествени чинители и експерти кои што ќе дадат своја експертиза за образовните реформи.

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ образовните реформи ги гледа како непартиски процес кој никако не смее да биде дел од дневно политичките преписки помеѓу политичките противници, туку го гледаме како процес кој што треба да произлезе од една сеопшта јавна дебата во која што ќе бидат вклучени сите политички партии, сите општествени чинители, сите експерти кои што можат да дадат своја експертиза во насока на образовните реформи. Можам да кажам дека образованието во Република Македонија го има пробиено дното и реформите се повеќе од неопходни, нагласи Попов.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО: Да бидеш социјален ментор значи да овозможиш на едно ранливо лица да стане економски независно

Следно

Талентираните ученици и спортисти добија стипендии од општина Карпош

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian